Претседателот Стево Пендаровски го менува концпетот на провлавата на Илиден на Мечкин Камен. Тој на денешниот брифиг во Вила Водно соопшти дека нема да одржи говор туку ќе има две минутно видео обраќање.
Чествувањето на Илинден ќе почне во 18 часот за да можат да биде присутен комплетниот држацвен врв односно премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце и спикерот Талат Џафери кој според системот на ротација годинава ќе го одблежежува празникот во Скопје.
Пораки за Илинден ќе пренесе актерот Никола Ристановски а ќе настапи и Влатко Стефановски.
Од Кабинетот на претседателот испратени се покани до лидерите на повеќе политички партии – Мицкоски, Села, Гашев, Апасиев, Ахмети но досега само Ахметиго потврди своето присуство и тој за првпат ќе биде во Крушево втори Август за одбележување на Илинден.
