Вести Македонија Најважни

Иницијативата „Отворен Балкан“ ја бранува јавноста

Алтернатива за неуспехот на патот кон Европската Унија, или иницијатива која од 2023 година навистина ќе ги отвори границите на Балканот?! Лавина реакции за иницијативата „Отворен Балкан“ која вчера ја промовираа премиерите на Македонија и Албанија Заев и Рама и претседателот на Србија Вучиќ на Економскиот форум во Скопје. Страв и кај соседите и кај дел од бизнисот но и кај опозицијата, дека може да го загрози патот на земјата кон ЕУ. Откако вчера косовската влада се изјасни дека иницијативата е „без визија за регионот“ денеска  шефицата на косовската дипломатија, во „Отворен Балкан“ гледа опасна идеја.

Мислам дека паралелните иницијативи во суштина не се нешто ново, но се опасни за тоа како ние ја гледаме нашата држава во регионот, но и како се гледаме од страна на ЕУ, тоа е мојата претпоставка и моето мислење. Без да го негираме правото на која било независна и суверена држава да носи свои одлуки за тоа во кои иницијативи ќе учествува, со кого сака да создаде мали или големи коалиции, Република Косово, иницијативата од Нови Сад, која едно време беше нарекувана Мини Шенген, а од вчера Отворен Балкан, ја смета за опасна. Се создава атмосфера дека имаме алтернатива за нашиот заеднички пат кон ЕУ, оцени Гервала Шварц.

И позициската ВМРО-ДПМНЕ на пратенички прашања во Парламентот го праша Заев дали со ветото од Бугарија завршиле неговите надежи за ЕУ, и дали со Отворен балкан прави алтернатива  на членството во ЕУ. Заев одговори:

ОСТАВАТЕ ВПЕЧАТОК ДЕКА ТОКМУ ВИЕ И ВАШЕТО ВМРО-ДПМНЕ СТЕ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД РУ. ЗОРАН ЗАЕВ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЕУ НИКОГАШ ЗАТОА ШТО НИТУ ЈАС НИТУ ВЛАДАТА НИТУ ПАРЛАМЕНТАНОТО МНОЗИНСТВО, А ИСКРЕНО С ЕНАДЕВАМ И ОПОЗИЦИЈАТА ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ НА ТИЕ ВРЕДНОСТИ И ДЕКА ЌЕ ГИ ПОДДРЖУВА НАШИОТ ПАТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ. НЕМА АЛТЕРНАТИВА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, РЕЧЕ ЗАЕВ.

И Претседателот Пендаровски Иницијативата Отворен балкан рече дека не е алтернатива за ЕУ. Ја оцени за позитивна и рече дека очекува да се приклучат и другите земји.

Вчера пак од Форумот Заев, Вучиќ и Рама порачаа дека Балканот го нема тој луксуз да губи време во чекалната на ЕУ. Беа категоричнио дека Иницијативата не е алтернатива за ЕУ, туку пат на развој кој треба да го изодат земјите додека да влезат  во Унијата.  Главната цел пак на „Отворен Балкан“ е создавање една економија меѓу трите земји, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија. Лидерите оставија и отворен повик  да се приклучат и останатите балкански држави.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе