Вести Свет Топ вести

Бугарија го чека името на новиот премиер

Пратеникот од бугарската политичка партија „Има таков народ“ која доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, Станислав Балабанов, објави дека денеска ќе биде познат нивниот кандидат за премиер на Бугарија.

Tаа политичка партија очекува парламентарна поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме”. Претседателот на државата Румен Радев, објави дека денеска започна постапката за предавање на првиот мандат за формирање влада на Бугарија. Претходно денеска, Филип Станев, еден од блиските соработници на Слави Трифонов, изјави за БТВ дека кандидатот за премиер на „Има таков народ“ е јасен – велејќи дека тоа е човек со квалитетно образование, добар морал, добра намера и експертиза. Тој додаде дека станува збор за личност која се уште не учествувала во политички активности.

„Составот на владата е подготвен и ако го добиеме мандатот од Румен Радев, премиерот ќе го претстави и сите ќе го видат“, додаде Станев.

Бугарски медиуми јавија дека најверојатен кандидат на „Има таков народ“ за премиер е Петар Илиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе