Македонија Топ вести

Сребрениот олимпиец Георгиевски топло пречекан на скопскиот аеродром

Со олимпискиот медал на градите, македонскиот спортист Дејан Георгиевски, предмалку слета во Скопје. На аеродромот го пречекаа стотина фанови, пријатели и роднини кои со прегратки му ги честитаа историскиот успех.

Георгиевски го освои среброто на олимписките игри во Токио во категоријата до 80 килограми а во финалето во рамнопрвана борба загуби од Русинот Владислав Ларин.

Официјалниот пречек на македонскиот олимписки вицешапион е вечерва на Плоштадот Македонија во Скопје. Георгиевски го постигна досега најдобриот резултат во историјата на македонскиот спoрт на Олимпијадите и е вториот олипиец кој од осамостојувањето освои медал по Могамед Ибрагимов во Сидеј 2000 година во борење.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери – граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе