Директорот на Управата за извршување санкции убедува дека условите во затворите во земјава се подобруваат. Како капитална инвестиција го наведва реновирањето во најголемиот затвор Идризово, но и пуштањето во употреба на малолетничкиот затвор близу Тетово.
Вели дека во минатото малку е вложувано во инфраструктурата на казнените установи во земјава, но дека се обидуваат како Управа да ги подобрат овие состојби. Ова доаѓа откако беше објавен извештајот на Комитетот за тортура за катастрофалните услови во кои престојуваат притворените лица, но и лиицата кои издржуваат затворски казни.
