Македонија Топ вести

Одлуката на УНЕСКО и 2 -годишниот рок не ја намалуваат потребата од итно делување во Охрид

Одлуката на Комитетот на  УНЕСКО да не го стави Охрид на Листата светско наследсво во опасност не ја намалува потребата  од итно делување и покрај дадениот рок од две години.

Ова е ставот  на постојаниот координатор на Обединетите нации во Македонија, Росана Дуџак, што го пренесе МИА.  Таа вели деке покрај брза  интервенции потребно е и подoбро менаџирање

– Долго време гледавме апатија кон природните и културните богатства. Проблемите со кои се соочува Охрид сега бараат сеопфатен пристап, не само во надминувањето на акумулираната штета, туку и за сето понатамошно планирање и менаџирање на областа. Времето да се делува е сега. Потребно е  координирано делување и блиска соработка меѓу сите засегнати страни, вклучително и локалната и централната власт, граѓанскиот сектор, граѓаните на Охрид и Струга, туристите и меѓународната заедница, вели Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Македонија.

Охридскиот градоначалник, Константин Георгиевски смета дека Охрид е во многу подобра состојба од она што беше констатирано на сесијата во Баку пред 2 години,  но дел од активносите не влегоа во извештајот на Реактивната мисија затоа што беше изготвен порано.

Задоволен е од одлуката на Комитетот, која вели е допoлнителен мотив за уште поенергично спроведување на препораките.

-Оваа Локална власт со поддршката на Владата и во соработка со сите надлежни институции е цврсто одлучена да стави крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети, согласно новите препораки на УНЕСКО, Планот за управување, законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките, рече Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид.

И министерот за животна средина Насер Нуредини, рече дека во дадениот рок од 2 години, ќе се направи се што е потребно за да се заштити Охрид.

Комитетот за Светско наследство при Унеско, вчера даде уште една шанса за се спроведат препораките на Реактивната мониторинг мисија, со што охридскиот регион барем засега го задржа стаусот што го носи 4 децении-светско природно и културно богатство на УНЕСКО

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе