Вести Македонија

Антикорупциска пред Уставен суд го оспори законот за стратешки партнер за патиштата и изборот на Бехтел-Енка во Собранието наместо на тендер

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска и официјално ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, и побара уставните судии да донесат времена мерка за стопирање на неговата примена до конечно произнесување на Уставниот суд.

Членови на Антикорупциската комисија потврдија дека ја поднеле иницијативата затоа што сметаат дека копманиите за патиштата треба да се избираат во тендерски постапки и согласно Законот за јавни набавки, а не преку lex specialis решенија со законска сила.

Законот по речиси едногласното прифаќање од пратениците е потпишан и потврден со Указ на претседателот Стево Пендаровски.

Од друга страна, антикорупциска оцени дека донесениот закон е „со висок ризик за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Сметаат дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.“

Предлагачите пак сметаат дека со посебен закон ќе се забрза постапката за изградба и реновирање на патиштата предвидени со изгласаното решение.

„Бехтел –Енка„ е американско-турски конзорциум кој со законот е предложен за стратешки партнер задолжен за проектирање, развој и реализација на патиштата опфатени со законот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе