Вести Македонија Топ вести

Ќучук: Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Македонија

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали, доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“.

Ќучук е редовен ппддржувач на вакви иницијативи, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.

– Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, што ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.

По доделувањето на наградите, европратеникот Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“ Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај ученици од Бугарија да учествуваат и ученици од Северна Македонија.

Двајцата сметаат дека местото на Северна Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.

Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева“ во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе