90 физички лица или компании во првите пет месеци од годинава се пожалиле до Комисијата за спречување дека се дискриминирани до Комисијата за спречување на дискриминација. Граѓаните најмногу пријавувале за дискриминирани на работните места. Но, од Комисијта велат не можат да спроведат постапка бидејќи во голем дел од претставките граѓаните не пријавувале по кој основ се дискриминирани, а од содржината не можело да се утврди тоа. Според нив треба да се работи за да се подигне свеста за граѓаните да може да препознаат дискриминација. Комисијата планира да го надмине овој проблем преку креирање образец што потоа ќе се внесува во базата на податоци што ќе ги обработува сите параметри за анализа на состојбата со дискриминацијата во земјата. Членовите се пожалија дека половина година новата комисија функционира без основни услови за работа.Со 2 стари компјутери, 8 столчиња и еден печатач. Претседателката на Комисијата Бендевска рече дека пред нив бил изборот – или да се борат, или да се откажат – па одлучиле со малкуте ресурси да се обидат од „нула“ да ја изградат институцијата.
108 отворени претставки за заштита од дискриминација. Во оваа бројка спаѓаат превземените претставки 78 на број што ги наследивме и по закон треба да ги завршиме согласно одредбите од новиот Закон и замислете без никакви услови во новододелени простории до нас пристигнуваат 30 претставки
Од вкупниот број на разгледувани предмети, 25,5 проценти се поднесени од жени, 35,5 од мажи, 32,2 од правни лица, а 6,8 проценти од група граѓани. Од нив речсиси половината се од граѓани на Скопје.
Комисијата за над 40 отсто од претставките испратила допис за изјаснување до потенцијалниот дискриминатор, околу 22 отсто од претставките биле отфрлени поради ненадлежност, 5,5 отсто биле отфрлени поради неуредност, додека за други претставки се уште се работи. Комисјата дала негативно мислење за предлогот во личните карти да има графа за етничка припадност.
Александра Филиповска
