Вести Најважни Свет

Ива Митева од „Има таков народ“ нов претседател на бугарскиот парламент

Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот.

Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани.
За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група.
Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, вчера објави дека неговата партија нема да номинира кандидат за претседател на Националното собрание, туку само заменик претседателката Росица Кирова, која до пред неколку месеци беше активист на „Има таков народ“ од Видин, но беше исклучена од партијата заради средба со тогашниот бугарски премиер Борисов за време на неговата посета на регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе