Вести Македонија Топ вести

Граѓаните најмногу се дискриминирани на работното место

90 физички лица или компании во првите пет месеци од годинава се пожалиле до Комисијата за спречување дека се дискриминирани до Комисијата за спречување на дискриминација. Граѓаните најмногу пријавувале за  дискриминирани на работните места. Но, од Комисијта велат не можат да  спроведат постапка бидејќи во голем дел од претставките граѓаните не пријавувале по кој основ се дискриминирани, а од содржината не можело да се утврди тоа. Според нив треба да се работи за да се подигне свеста за граѓаните да може да препознаат дискриминација. Комисијата планира да го надмине овој проблем  преку креирање образец што потоа ќе се внесува во базата на податоци што ќе ги обработува сите параметри за анализа на состојбата со дискриминацијата во земјата. Членовите се пожалија дека половина година новата комисија функционира без основни услови за работа.Со 2 стари компјутери, 8 столчиња и еден печатач.  Претседателката на Комисијата Бендевска рече  дека пред нив бил изборот – или да се борат, или да се откажат – па одлучиле со малкуте ресурси да се обидат од „нула“ да ја изградат институцијата.

108 отворени претставки за заштита од дискриминација. Во оваа бројка спаѓаат превземените претставки 78 на број што ги наследивме и по закон треба да ги завршиме согласно одредбите од новиот Закон и замислете без никакви услови во новододелени простории до нас пристигнуваат 30 претставки

Од вкупниот број на разгледувани предмети, 25,5 проценти се поднесени од жени, 35,5 од мажи, 32,2 од правни лица, а 6,8 проценти од група граѓани. Од нив речсиси половината се од граѓани на Скопје.

Комисијата за над 40 отсто од претставките испратила допис за изјаснување до потенцијалниот дискриминатор, околу 22 отсто од претставките биле отфрлени поради ненадлежност, 5,5 отсто биле отфрлени поради неуредност, додека за други претставки се уште се работи. Комисјата дала негативно мислење за предлогот во личните карти да има графа за етничка припадност.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Мицкоски: Засега нема мерки против инфлацијата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе