Македонија

Во Врање досега се вакцинирани 11.743 македонски граѓани

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11 743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9 012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11 743, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9 012 и седум државјани на БИХ.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 781, додека со втора доза се вакцинирани 27 202 српски државјани.

Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 48 586 пати (прва доза 24.771, а втора 23 815), потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11 162, а втората 8 933), рускиот Спутник В е даден во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и Астра Зенека аплицирана во 932 случаи (455 + 477).

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Спутник и Астра Зенека не беа дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе