Мнозинството членови на Комисијата за труд и социјална политика дадоа зелено светло на Законот за работни однос со кој недела ќе биде неработен ден. Исклучок се 42 дејности каде работниот процес не може да биде прекинат.
Во тој случај работниците ќе имаат право на слободен ден во текот на неделата и додаток на плата во висина од 50%.
Во недела ќе работат моловите, дел од прехранбената индустија, угостителските објекти, рудниците, медиумите,здраствени институции, противпожарна служба,фотографски, креативни, уметнички дејности и други.
2 % од прометот во моловите, работодавачите ќе бидат должни да го уплатат на буџетска сметка, однсоно тоа би изнесувало околу 1 120 000 евра.
ВМРО ДПМНЕ побара за законот да се одржи јавна расправа што не беше прифатено од страна на Комисијата.
Тврдат дека со предложеното решение ништо нема да се промени, туку напротив ќе се зголеми бројот на отпуштени работници.
ССМ реагираше затоа што не биле поканети на расправата и не им се дало шанса да ги кажат своите забелешки.
При изготвувањето на конечното законско решение бараат во него да бидат инкорпорирани нивните предлози.
Остануваат на ставот дека заради спречување злоупотреби нерабониот ден да биде или сабота или понеделник.
Прекршочните казни за забрана на вршење дејност да се однесуваат на целиот простор а не само во делот каде е утврдена неправилноста.
Законот за работни односи ќе се носи во редовна постапка.
Оставена е можност во второто читање партиите амандмански да реагираат.
Јулијана Пешевска
