Македонија Топ вести

Поголема заработувачка, но и опасност од ширење на вирусот- печалбарите се вратија во Тетово

Печалбарите го раздвижија животот во Тетово. Поголема заработувачка за малите и средните бизиниси, но од друга страна и поголема опасност од ширење на заразата со коронавирусот. 

Со доаѓањето на печалбарите во родниот крај, се раздвижи економијата во Тетово. Сепак не е како пред пандемијата со коронавирусот. Ова го потврдуваат и сопружниците Камбери, кои со години работат во нивната кројачка продавница. Откако минатата година речиси и немаа заработка, ова лето бидејќи свадбите се дозволени, тие имаат промет, но, како што велат минимално, само за основните потреби.

Минатата година малите и средните бизниси претпреа огромни штети. Со оглед на тоа дека малата економија на градот е ориентирана кон услуги и ако немате клиенти, е оневозможено и нивното работење, вели тетовската градоначалничка Теута Арифи. Таа истакна дека процесот на вакцинација е многу важен за враќање на животот во нормала.

Инаку, поголемата раздвиженост во градот, доаѓањето на печалбарите, свадбите, носат ризик од ширење на коронавирусот. Тетово изминатиов период бележи раст на случаите со ковид, па поради тоа лекарите постојано апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж починал откако проголтал пакување со наркотична материја при полициска контрола

Kristina Kuzmanovski

Нови правила за организирање игри на среќа – се воведуваат задолжителни дозволи и плаќање надоместок од 18 проценти од вкупниот награден фонд

Дејан Дејан

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе