Вести Македонија Најважни

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, изврши четири убиства и два обида за убиство

Во Основниот суд во Куманово денеска започнува судскиот процес против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.

Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане,  утврди дека бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Во текот на истрагата беа откопани телата на три жени, а обдукцијата  утврди дека две од нив се негови жртви.

Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада. Во обвинението е наведено дека делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. Првото убиство го извршил ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце кога влегол во куќата на  повозрасна и немоќна жена и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала. Според обвинението, убиецот задоволувал полови страсти откако ќе го изврши убиството.

Ова е прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Осомничениот има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане).

Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.

Телма стигна до ТикТок профилот на осомничениот сериски убиец во кумановско

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе