Македонија Најважни

Од плажата „Оревче“ на ФБ: Полесно беа повредени неколку гости кои седеа на три до пет метри од водата

Во врска со немилиот настан на плажа „Оревче“ ве известуваме дека, според очевидците, громот удрил во езерото на неколку метри од брегот, објавија на ФБ од плажата „Оревче“, која се наоѓа на брегот на Охридското езеро, каде попладнево, како што објави Телма, од удар на гром беа повредени 13 лица.
„Полесно беа повредени неколку гости кои седеа на три до пет метри од водата. Во моментот на громот воопшто немаше невреме или дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар. Веднаш реагираше спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст Охрид, а да помогнат притрчаа и дел од гостите кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед“, објавуваат од плажата „Оревче“ на Фејсбук.
Со оглед на лошите временски услови денеска на плажата немаше многу гости, а беше откажан и настапот на диџеите, пишува тимот на „Оревче“, кој жали за немилиот настан.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе