Македонија Топ вести

Приведени шест лица во Дебар Маало, одземени кокаин и оружје

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“ синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со  кокаин, наменет за продажба.

На ул.„Боемска“, информираа денеска од МВР, бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

– На истата улица се лишени од слобода и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе