Ковид19 Македонија Топ вести

Во Македонија се размислува за воведувањето на т.н. ковид слободни зони

Во Македонија воведувањето на т.н. ковид слободни зони се во фаза на размислување како можна опција. Посетувајчи на овие нови трендови во Европа, министерот за здравство Венко ФИлипче преку Фејс Бук повика на што поголема вакцинација.„ Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо.“ – напиша Филипче на Фејсбук

Деветнаесет новодијагностицирани со Ковид 19, од 3. 667 тестирања,  се регистрирани вопоследнио дневен пресек на Институтот за јавно здравје. Од нив осум се во Скопје, во Тетово – 5, Куманово – 2, и во Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар – по 1.

регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје –  4. Починати – нема , оздравеле деветмина, а има 246 активни случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

Kristina Kuzmanovski

Расте бројот на загинати по силниот земјотрес на Филипините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе