Вести Македонија Најважни

За вакцинација пријавени над 1600 деца и млади, најсовремена терапија за пациентите со Ковид

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно 1623 деца и млади покажале интерес за вакцинирање, информираа за МИА од Министерството за здравство. Во земјава се активни 225 случаи на заразени со Ковид-19, а од вчера во државав е на располагање и најсовремената терапија за лекување од ворусот. Вакцинацијата, според здравствените власти, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани се вкупно 440 299 граѓани, а ревакцинирани 259 894.
Децата и младите од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5. Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.

Вчера пристигнал најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид-19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите „Casirivimab и Imdevimab”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА). „Казиривимаб и Имдевимаб“ (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид-19,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе