Вести Македонија Топ вести

Мијалков и Камчев седнаа на обвинителна клупа, Груевски не бидејќи е азилант

Започна судењето за екс директорот на УБК Сашо Мијалков и  бизнисменот Јордан Камчев, за случајот попознат во јавноста како Плацеви на Водно. Во кривичниот суд и двајцата беа донесени од притвор каде се наоѓаат веќе неколку месеци.

За обвинетиот поранешен премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, беше констатирано само дека е во азил во Унгарија и одреден му е адвокат по службена должност, по што ќе му се суди во отсуство бидејќи е првообвинет во случајот.

Сите се товаратза оерење пари и незаконско стекнување на имот, а е поврзано со парите кои наместо на партиска сметка на ВМРО ДПМНЕ, легнувале на приватни сметки од кои по тоа Груевски купувал плацови на Водно. Обвинението го поднесе поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова, а се води пред судијата Илија Трпков. Во него се обвинети и мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, и бизнисменот Ненад Јосифовиќ. Во секој момент треба да започнат воведните зборови на обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе