Најмалку 19 луѓе загинаа, меѓу нив и двајца пожарникари, во поплавите кои ја зафатија западна Германија. Над 50 се исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите.
Според полицијата, телата на починатите биле пронајдени на различни локации. Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд. Некои места се отсечени поради надојдените води. Многу граѓани се качија на покривите на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со чамци. Армијата е распоредена да им помага на загрозените жители. Железничкиот, речниот и патниот сообраќај е во прекин, а пловидбата по Рајна е прекината. Луѓето се во шок, а хаосот и сосотјбата ја споредуваат со Втората светска војна после бомбардирање.
- Според временските прилики, не сум многу добро. Посебно како што гледате овде, насекаде низ куќите има кал, мостот е урнат, водата тече, пониските куќи се потонати. Значи тоа е вонредна состојба како во Втората светска војна – Зигфрид Берг.
- Струјата не достапна во целиот регион, ова што сега го гледате е полошо од бамбардирање. А ова сигурно ќе трае едно 10 години, љуѓето се уништени, претпријатијата исто така. Значи, се е ужасно сега – Роза Лахегнер.
И Белгија е погодена од силни поплави. Таму шест лица го загубија животот, а се трага по десетици. Откако утринава реките почнаа да се излеваат од своите корита, Европската комисија го активираше механизам за цивилна заштита за да и се помогне на Белгија.
Од поројни дождови е погоден и јужниот дел на Англија, а и Турција не се спаси од лошото невреме. Поплавите карактеристични за црноморското крајбрежје од силните дождови овојпат зедоа пет животи. Илјадници луѓе се евакуирани, десетици исчезнати, поради што е активиран нуркачкиот тим кои ги пребаруваат разлеаните реки.
Билајана Ставрова
