Македонија Најважни

Судот и министерството тврдат– обвинетите на СЈО ќе ги стигне правдата

Опции како да не застаруваат судските предмети меѓу кои и оние на поранешно СЈО има, но не се применуваат. Вака критикуваа дел од судиите и обвинителите кои и сами беа дел од овие процеси. ОД судот и министерството за правда пак смируваат дека поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стигне правдата.

Никој не презема одговорност за тоа што пола од случаите на СЈО ќе почнат од почеток. Министерот за правда Бојан Маричиќ веќе втор ден не може да даде изјава како власта дозволи колизија на законите што дове до ваква ситуација. Официјален беше на официјална трибина за правосудството.

А токму поранешни па и сегашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети во шесте случаи кои ќе почнат од почеток во кривичниот суд. И претсдеателот на судот беше на трибина, но Иван Џолев реши зад камери на брифинг да ја убедува јавноста дека нема опасност од застарување.

Верувам дека сите можат да завршат до крајот на годината, вклучувајќи го и најобемниот „Титаник“ ако се направи добра динамика. Ако се согласат обвинетите и адвокатите може и само да се читаат доказите, без од ново да се изведуваат – Иван Џолев – претседател на кривичен.

Вчера е разрешен поротник а претходно и судијата Горан Бошевски со што судечките совети во кои членувале ке мора да се надополнат, а судењата да почнат од почеток. Практичарите, судии и обвинители сметаат дека може да се избегне ова што се случува.

Од 13 активни предмети на СЈО, пола се вракаат од почеток иако дел беа пред крај.меѓу нив и обемниот Титаник за изборни нерегуларности. Поднесени беа пред 4 години а дел од нив и по трет пат се враќаат од почеток.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе