Пратениците од ВМРО ДПМНЕ инистираа денешниот дневен ред да се се дополни со Разолуцијата за исцртување на црвените линии за идентитетските прашања, но поддршка не добија.Побараа обединување на сите граѓани и политички партии со цел да се заземе заеднички став за евроинтегративните процеси.
Резолуцијата е примена во Собранието но не била распределена до пратениците. Ова според собранискиот спикер Талат Џафери е причината поради која тој не може предлогот да го стави на дневен ред.Но вети дека тоа би можело да се случи на наредната собраниска седница.
И покрај начелната декларативна поддршка од сите партии, името на државата стана пречка за обединување на партиите. Премиерот Заев а подоцна и неговата партија СДСМ побараа во резлоуцијата да стои Република Севрена Македонија, а не Република С.Македонија како што е поднесена од страна на ВМРО ДПМНЕ.Усогласување на содржината побраа и партиите на Албанците. Заседаваше и Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одкаде потенцираа дека нема д аго променат ставот и остануваат на концептот за кој, за прв пат партиите може да најдат минимум простор за зеднички позиции.
Јулијана Пешевска
