Собранието денеска во рамки на продолжението на 45. седница треба да гласа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, со којшто се предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.
Пратениците и веднаш да го донесат законот, сепак јулските сметки за струја за граѓаните ќе бидат повисоки. Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Но, не се реализираше на време планот на владата ударот врз домаќинствата да се амортизира со пониското ДДВ кое најавата беше од 1 јули да падне од 18 на 5 проценти. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ.
