Ковид19 Македонија Топ вести

Моноклоналната “коктел терапија” со антитела за третман на пациенти со Ковид-19 пристигна во Македонија

Министерството за здравство информираше дека денеска пристигнал најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклоналната „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Според македонските здравствени власти рамковната спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка.

Средствата за оваа набавка се обезбедени преку проектот за итно справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Истовремено, од здравство тврдат дека Македонија, во моментов е едиствената земја на Западен Балкан која го применува овој метод на лекување на пациентите.

“Терапијата се набавува за потребите на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид 19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти” – соопштија од здравство.

Казиривимаб и Имдевимаб (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела  и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од  „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Скопјанец се заканувал дека сите ќе ги убие, дека ќе го задави сопственото дете, извадил и нож

Kristina Kuzmanovski

Судско рочиште за поранешната антикорупционерка Димитровска

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе