Македонија Топ вести

Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти „Холидеј ин“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ каде што е предвидена изградба на висококатници, затоа што, како што вели, била формирана стручна комисија и Министерството нема надлежност да менува планови на која било општина.

Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната стручна дебата за новиот закон за градење, Бочварски рече дека Министерството не може да блокира или стопира урбанистички планови, туку дека тоа е исклучиво надлежност на локалните самоуправи.

Секоја општина, вели, има легитимно право да донесе урбанистички план, да го промени или да побара суспензија.

Министерството за транспорт и врски не носи детални урбанистички планови во Центар, ниту суспендира детални урбанистички планови во која било општина. Тоа исклучиво го прави општината со Советот на општината. Не случајно кажавме дека Општина Центар има можност сама доколку смета да си донесе одлука каква што треба да донесе. Исто така, не мора која било општина да тргне во насока на супензија на одредени планови за да блокира нешто, туку може во кој било момент да започне постапка за преработка, доработка или нов урбнанистички план на таа локација, рече Бочварски, додавајќи дека ова и било предочено на Општина Центар.

Вели дека треба точно да се лоцираат штетите по јавниот интерес, а во однос на тоа дали градоначалникот на Центар ја замајувал јавноста, Бочварски со став дека градоначалникот има свои ингеренции и со тоа можел да делува во целиот изминат период со Советот на општината.

Тие носеа серија на одлуки, вклучувајќи ја и онаа за мораторумот на плановите во Општина Центар, така што тие се бореа во однос на ова прашање, но по одлуката на Уставниот суд за стопирање на ваквата постапка за мораторумите, беше јасно дека сите урбанистички планови се во сила. Така што, апсолутно не би сакал да навлегувам во постапките на Општина Центар. Тоа се нивни одлуки, одлуки кои треба да се дискутираат во Советот на Општина Центар за тоа што е најдобро за граѓаните на Центар, рече Бочварски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе