Со ништо не сум придонел да се случат немилите настани од 27 -ми април. Вака обвинетиот и поранешен министер за транспорт и Врски Миле Jанакиески денеска во завршните зборови се бранеше пред судот. Обвинет е за терористичко загрозување на уставниот поредок како организатор на крвавиот четврток, но вели дека обвинителството нема докази за нешто што тој и не го сторил. Смета дека со промената на обвинението се докажало дека тој во никој случај не бил инволвиран во настанот, за кој единствено против него сведочел Алекасандар Василевски Нинџа.
Јанакиески: Со ништо не сум придонел за немилите настани од 27-ми април
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
