Судијата од Врховниот суд и екс претседател на кривичен во скопје Стојанче Рибарев денеска е разрешен од функцијата. Според извори на телма за него имало преставка поради спорните распореди кои Рибарев ги изготви во времето додека беше прв човек на скопскиот кривичен суд. Тој пак во истрагата беше на распит за АКМИС системот и неговото функционирање, но во обвинението против неговиот претходник Владимир Панчевски за АКМИС – от рибарев беше сведок. По заминување од претседателската функција од каде сам поднесе оставка, се врати во Врховниот суд. Инаку според информации на Телма разрешени се и уште двајца штипски судии, еден од Основниот а еден од Апелациониот суд во Штип. Сите имаат право на жалба во Врховен суд на РСМ.
Разрешен Стојанче Рибарев, судија во Врховен и екс претседател на Кривичниот суд во Скопје
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
