Поротникот од Кривичниот суд Митко Сандев денеска е разрешен од Судскиот совет а по барање на претстадателот на судот Иван Џолев. Ова доаѓа поради тоа што тој наполнил 60 години и според законот со ова му завршува поротничкиот мандат. Тој е член во Судечки совет на три предмети на СЈО кои што се водат во судот, меѓу кои и еден од најобемните а тоа е „Титаник“.
Ова ќе значи дека овие судски проицеси ќе треба да започнат од почеток кога ќе биде назначен нов судија поротник.
Од Судскиот совет за Телма потврдуваат дека испратиле иницијатива до Министерството за правда поради тоа што во законите постојат противречности кои што им ја отежнуваат работата, токму во вакви ситуации кога треба да се разрешуваат судии или поротници. Претходно беше разрешен и судијата Горан Бошевски поради што уште три слуачи иницирани од СЈО ќе започнуваат од почеток.
