Македонија

Општината носи одлуки, не министерството – Бочварски не чувствува одговорност за „Холидеј Ин“

Сите одлуки поврзани со изградбата на високатниците кај „Холидеј Ин“ ги носеше Општина Центар, министерството за транспорт нема надлежност да менува урбанистички планови па затоа министерот Благој Бочварски не чувствува никаква одговорност за овој случај.

Тој нагласи дека мнистерството не може да блокира или стопира урбанистички планови, туку дека тоа е исклучиво надлежност на локалните самоуправи а тие формирале стручна комисија.

Министерот не даде прецизен одговор дали градоначалникот Богдановиќ ја замајувал јавноста и нагласи дека градоначалникот има ингеренции и со тоа можел да делува во целиот изминат период со Советот на општината.

Обвинителството за гонење на организиран криминал, на иницијатива на Антикорупциската комисија, отвори предистражна постапка за евентуална злоупотреба на службената положба и овластувања на службени лица во Општина Центар и државните институции но истовремено испитува и како е извршена продажбата на земјиштето на локацијата спроти Холидеј ин која сегашните сопственици ја добија од државата по околу 300 евра за квадрат со дооформување на градежна парцела

„Надлежниот јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги разгледува сите аспекти поврзани со овој случај меѓу кои и оттуѓувањето на земјиштето и во рамките  на своите надлежности ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот“ – велат од обвинителството за организиран криминал.

Антикорупциската Комисија пак во петокот од Општина Центар ја побара целата документација околу дозволата за градба и проектот за Холидеј Ин но таа сеуште не им е доставена.

Градоначалникот Богдановиќ го потпиша барањето за градежна дозвола и таа е веќе правосилна па затоа нема никакви правни поречки да почне со иградба првата од планираните три дваесеткатници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе