Свет Топ вести

Иранци обвинети за обид за киднапирање на новинарка во Њујорк

Четворица Иранци се обвинети за заговор за киднапирање на новинарка во Њујорк, соопшти Министерството за правда на САД.

Новинарката и активистка, Масих Алинеџад, која има иранско потекло и е отворен критичар на владата во Техеран, потврди на Твитер дека била цел на наводен заговор.

Алинеџад исто така го основа движењето Моја скриена слобода (My Stealthy Freedom), кое ги охрабрува жените да не носат хиџаб.

Четворицата мажи именувани во обвинението се ирански разузнавачи, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД. Петтиот соучесник од Калифорнија е обвинет за финансирање на наводната операција.

Американските власти соопштија дека разузнавачите прво се обиделе да ја намамат Алинеџад, наречена „Жртва-1“, во трета земја, каде што би била уапсена и однесена во Иран.

Потоа продолжиле да ја набљудуваат жртвата и другите членови на нејзиното семејство во Бруклин, Њујорк. Се тврди дека еден од мажите спровел детална студија за тоа како да се донесе „Жртва-1“ од САД во Иран.

Иако во документот не се споменува името на „Жртва-1“, Алинеџад, која е добро позната по своите отворени критики кон иранските власти и нивната политика, на Твитер се претстави како цел на наводниот заговор и им се заблагодари на американските истражители што спречиле нејзино киднапирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На тројца функционери на ВЛЕН не им бил дозволен влез во Албанија, од граница вратени и други активисти и членови на партијата

Дејан Дејан

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата

Дејан Дејан

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе