Свет Топ вести

„Има таков народ“ победи на парламентарните избори во Бугарија

Сите протоколи од избирачките секции на предвремените парламентарни избори во Бугарија веќе се обработени, соопшти Централната изборна комисија во Софија.

Според резултатите партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти.

На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС – со 17,49 проценти.

Централната изборна комисија се очекува денеска или најдоцна утре да објави распределба на местата во 46-то Национално собрание на Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На тројца функционери на ВЛЕН не им бил дозволен влез во Албанија, од граница вратени и други активисти и членови на партијата

Дејан Дејан

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата

Дејан Дејан

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе