Остри критики за старо-новите кандидати за градоначалници на СДСМ, додека своите се уште ги држи во тајнот. Опозициската ВМРО –ДПМНЕ во изборот на владејачката партија гледа компромитирани кадри.
Вечерва, на трибина во скопска Гази Баба, партискиот лидер Мицкоски откри само едно име. Пратеникот Кирил Пецаков ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид. До крајот на јули ќе се знаат 45 нови имиња, кои треба да го поминат партискиот филтер. Мицкоски вели дека на овие локални избори ВМРО ДПМНЕ ќе оди со сосема нови кадри.
