Прогласена е вонредна состојба во општина Дечани на Косово поради масовно труење на граѓани.
Скоро 1.500 граѓани побараа помош во изминатите три дена поради сомневања за труење со вода, информира Ал Џазира.
Главниот центар за семејна медицина наведува дека здравствената состојба на пациентот е добра.
Истрагата за случајот ја презеде Обвинителството во Пеќ.
Медиумите од Косово објавија дека се евидентирани два смртни случаи, што ги негираше министерот за здравство на Косово, тврдејќи дека овие случаи не се поврзани со труење.
Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани, рече дека претходните лабораториски испитувања не укажуваат на тоа дека граѓаните биле затруени со вода, но наведува дека се прават постојани анализи.
„Лабораториските резултати што излегоа денес покажуваат дека немаме траги од труење со вода. Тоа не значи дека не постои можност за хидрични инфекции, но ќе продолжиме со постојана анализа на тестови за вода и пациенти “, рече Рамадани.
