Вести Македонија Топ вести

„Казна, а не олеснителни околности“ побара обвинителството за Татјана Димитровска – одбраната тврди дека се прави театар

Поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, го наруши интегритетот на Антикорупциската комисија, па за неа не треба да има олеснителни околности, туку казна. Ова денеска го истакна Обвинителството во случајот во кој Димитровска е обвинета дека со умисла давала информации на човек кој бил под истрага на Обвинителството, но и дека го фалсификувала сертификатот за класифицирани информации.

  • „Особено индикативни се неколку пораки коишто таа ги испраќа спрема лицето Небојша Стојановиќ, којшто е обвинет во предметот од ОЈО, каде што самата му назначува: ‘Ова е доверливо и не го споделувај со никој,’“ рече обвинителката Наташа Поп Трајкова.

За адвокатот на Димитровска, Обвинителството не докажало дека таа го сторила делото.

  • „Едно театрално излагање кое ја и допре и суштината, а суштината на завршните зборови самите слушнавте, на Јавното обвинителство беше ова анализа на етичките правила и етичкиот кодекс, така да не е понудено ништо што во законска смисла значи прекршување и инкриминација,“ вели Владимир Туфегџиќ, адвокат на Димитровска.

И адвокатите на Билјана Петровска Мантова, која е обвинета дека исто така доставувала информации до поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, поврзани со истрагата за него, но и на Миле Столески кој го полагал тестот во име на Димитровска, сметаат дека Обвинителството нема докази за делата кои ги товари.

  • „За прв пат барем во мојата кариера обвинителство… тоа било задача на одбраната да дава театрални одбрани. Денеска обвинителството најмалку збореше за право, а повеќе беше театар,“ дециден адвокатот Томислав Стевков, адвокат на Петровска Мантова.
  • Не постои ниту еден решителен доказ на товар на обвинетата дека го има сторено кривичното дело од давање на службена тајна надвор од разумното сомневање на подносителот и застапник на обвинителниот предлог, рече Надица Фундики,  адвокатката на Мантова.

Пресудата, судот ќе ја објави во вторник.

Билјана Николовска

(живо) Судењето за случајот „Адитив“ влегува во завршна фаза

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина професорот Денко Скаловски

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Грција објави мапа која покажува каде е опасната риба-зајак

Kristina Kuzmanovski

Трамп го пофали Зеленски и украинските дронови, најави можен договор за нивна набавка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе