Ковид19 Македонија Топ вести

Денес без тензија, турканици и нервози тече вакцинацијата без закажан термин

Едни веќе боцнати и се притискаат за рамото, други застанати во редот. Се чека пред поликлиника „Букурешт“, исто како и пред „Јане Сандански“.

Вториот ден вакцинација без закажан термин уште од отворање на вакциналните пунктови ги радува докторите затоа што се сведоци на зголемен интерес за вакцинирање кај луѓето, иако имаат само малку време да здивнат во текот на денот.   

Полицајци и денес помагаат во одржување на редот пред вакциналните пунктови, но за разлика од вчера – денес нема тензија, буткање и нервози пред поликлиниките. Судејќи според сликата пред вакциналните пунктови уште од рано утринава, интересот на граѓаните за вакцинација и денес е голем.

Вчера некои од граѓаните се расправаа кој прв да влезе и да се вакцинира, кој е со, а кој без термин, а дополнителна тензија создаваше и долгото чекање пред пунктовите. Денес сликата не е таква, а потврда за тоа стигнува од лекарите од Здравствен дом – Скопје.

„Денес повеќе се почитува редот, заинтересираноста е иста како вчера. Имаме огромна заинтересираност за вакцини без закажан термин, сè се одвива во најдобар ред. Немаме некои инциденти, добро сме организирани и можеме да издржиме“ вели доктор Ана Алексовска – Бошковска, лекар во Здравствен дом – Скопје.

Различно за граѓаните пред пунктовите е тоа кој доаѓа на ревакцина, а кој по прва доза без закажан термин.

Незакажаните досега чекале да добијат термин, но тоа не се случило – па сега сакаат да ја искористат приликата.

На некои им е сеедно каква вакцина ќе добијат, но не и на сите.

„Имав закажано меѓутоа го пропуштив тој термин и сега да видам ако можам да се вакцинирам. Луѓе преферираат – дали да биде „Фајзер“, дали да биде „Спутник“, а кај мене во семејство има и едно и друго и трето и сите се добри.“

„Се имам пријавено за вакцинација уште на почетокот ама не ме повикаа. Сега чекам да видам да прашам кога би можела да добијам „Фајзер“ бидејќи ми е проблем за пасошот. Навистина ми треба „Фајзер“ бидејќи за на факултет ми бараат тоа, а тука има само „Синовак“. Еве стојам тука во редот и размислувам.“

„Чекам половина час. До вечер сигурно ќе дојдеме на ред. Само, проблемот е тоа што на граница само „Фајзер“ признаваат.“

Екипите од Здравствен дом – Скопје покрај вакцинирање во поликлиниките се ангажирани и на терен, со теренската вакцинација која се одвива веќе втор ден, а се посетуваат населените места отсечени од центарот на градот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не е кривично дело, да се помага – рече на судењето Миле Столевски кој полагаше за безбедносен сертификат наместо екс директорката на ДКСК

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Цветковски има сериозно искуство, го познавам долги години- Ѓорѓиевски објaснува зошто поранешниот директор на МРТВ е избран за раководи со Фондацијата „Скопје 2028“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе