Вести Свет Топ вести

Делта варијантата се шири низ Европа, четвртиот бран ќе почне многу порано

Делта сојот на Ковид-19 забрзано се шири низ Европа, каде повеќето држави изминатата недела забележаа значително зголемување на бројот на трансмисии. За сега позитивно е што бројот на хоспитализации и смртни случаи продолжува да опаѓа, што според здравствените власти се должи на високиот степен на имунизација на Стариот континет. СЗО ги предупреди европските држави внимателно да ги олабавуваат мерките за да не го ризикуваат напредокот кој го постигнаа во борбата против пандемиајта.

„Овој вирус еволуира, овој вирус се менува и мораме да бидеме многу внимателни во моментов, за тешко постигнатиот напредок преку однесувањето и постапките на нашите граѓани, биде задржан и придобивките од тој напор да бидат колективни.“, изјави Мајк Рајан – извршен директор на Програмата за итни случаи на СЗО

Највисок пораст забележа Белгија, каде за само една недела бројот на новозаболени се зголемил за 70 проценти а половина од нив се случаи со делта варијантата. Франција исто забележува постојано зголемување на дневните случаи од крајот на минатиот месец. Проценките во Европа сега се дека четвртиот бран ќе започне многу порано.

„Предупредувачките сигнали се множат и ние можеби ќе ја следиме истата траекторија како некои од нашите соседи. Болничките индикатори продолжуваат да се подобруваат. Најверојатно ќе поминеме со помалку од 1.000 пациенти на интензивна нега, но ризикот од брз четврт бран постои, изјави Габриел Атал – Портпарол на владата на Франција

Во регионот Грција веќе забележува значително зголемување на новите слуачи, но премиерот Мицотакис изјави дека земајта нема повторно да се затвори, бидејќи повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани.

Србија, во која се вакцинираа граѓани од целиот регион, предупреди денеска дека четвртиот бран во земјата може да започне уште летово. Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, соопшти дека речиси 50 проценти од возрасното население во земјата е вакцинирано, но ризикот е сепак голем бидејќи вакцинирани се само 17,2 проценти од младите.

„Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта сојот, кој допрво ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, не можеме да очекуваме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, предупреди Ѓерлек.

Денеска, речиси година и половина од прогласувањето на пандемијата, бројот на починати од Ковид-19 надмина 4 милиони.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе