Вести Македонија

Со трамваи на хибриден погон против загадувањето и метежот низ Скопје

По примерот на светските метрополи, Скопје ќе добие современ градски превоз со кој ќе се намали аерозагадувањето и метежот, а ќе се зајакне безбедноста во сообраќајот. Проектот „ Bus Rapid Transit – систем“, или брз јавен превоз, што го воведува Град Скопје, подразбира вклучување во градскиот сообраќај на 60 трамваи што ќе се движат на електричен погон и на природен гас, со капацитет од 250 патници. А, тендерските постапки ќе започнат во август.

Овој проект ќе го користат нашите сограѓани , барем следниве 100 години. Затоа што е проектирана сегашната вредност, меѓутоа проектирано е и зголемување за преку 30-40% на овој систем, на овој капацитет што го имаме направено, со цел како градот расте, како се развива, така да може да ги зголемува потребите, вели Шилегов.

 

Се одликува со физички издвоена траса, со станици кои што се од затворен тип, со приоритет на сигнализираните раскрсници, со систем за наплата со интелигентни картички, систем за информирање на патниците во реално време и интеграција со останатиот вид превоз, изјави Никола Крстаноски- сообраќаен експерт

БРТ-системот ќе се реализира со кредит од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Технологијата не значи ништо, важен е корисникот, граѓанинот.Тоа треба да има смисла за Вас, како граѓани. Знам дека многу се опсервираше тука. Ова е голема проемена, која вклучува многу нешта за начинот како ќе патувате низ градот, вели  Ијан Џенинкс-помошник директор на ЕБОР

Проектот опфаќа  две траси, од  Ѓорче Петров до Ново Лисиче  и од Бутел до Кисела Вода.Прво ќе се воспостави трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 12, 8 километри во една насока. Ќе има 21 станица и два терминала, во индустриската зона на Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче, каде ќе се гради нов. Се очекува досегашното време за движење на таа релација со трамваите да се скрати за половина, а трасата да ја користат 65 илјади луѓе, дневно.

Јавниот транспорт во главниот град ќе се врши со еден билет, вклучително и за БРТ-системот, за што сега се подготвува документација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе