Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собранието

43-ца пратеници од  ВМРО-ДПМНЕ го ставија својот потоис на Резолуцијата. Ги повикаа и останатите  пратеници да се потпишат  и да ја поддржат резолуцијата со кој се исцртуваат црвените линии за идентитетските прашања.Според Деловникот резолуцијата се носи со просто мнозинство .

Оваа резолуција заслужува широка поддршка и консензус освен ако не се работи за смислена тактика на коалициските партнери СДСМ и ДУИ, едните декларативно да поддржуваат, а другите процедурално и содржински да кочат. Затоа ги повиуваме пратениците уште денес да го стават потписите на резолуцијата за да може да добие поголем тежина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Резолуцијата ја поддржаа најголемата владејачка партија СДСМ и помалите партии од македонскиот политички блок, ЛДП, Левица, Демократскиот сојуз, ДОМ и Социјалистичката партија.Пратеничката група на Алијанса на Албанците-Алтернатива утре ќе го соопшти официјалниот став за резолуцијата. ДУИ бара корекција на текстот и сте партии да седнат на заедничка маса и да ја усогласат содржината.

Со резолуцијата се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе