Македонија

Стејт департмент: Водењето бизнис во Македонија е релативно лесно, но корупцијата е постојан проблем

Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, се вели извештајот на Стејт департментот за климата за инвестиции во нашата земја во 2021.

Со цел да се зголеми транспарентноста и отчетноста при јавните набавки, Бирото за јавни набавки воведе електронски систем кој овозможува објавување на известувања од домашни и меѓународни институции, прегледи на тендерска документација без регистрација во системот, е-плаќања за употреба на системот, електронско архивирање, и електронско поднесување жалби. Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, се нотира во извештајот на Стејт департментот.

Во извештајот се наведува и дека Транспаренси интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111. место од 180 земји, согласно Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од пет места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

Како резултат на јавното разочарување и притисок поради високиот индекс, делумно, го поттикнаа вицепремиерот за борба против корупцијата да воведе етички кодекс за членовите на Владата и сите други функционери назначени од Владата, според кој тие мора да се посветат на транспарентна и одговорна работа, се вели во извештајот.

Се заклучува дека  Владата генерално ги спроведува законите, но оти има бројни извештаи дека функционери се вклучени во коруптивни активности. Покрај тоа Стејт департментот наведува дека бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик во Северна Македонија, посочувајќи на прекумерно владино, бизнис или политичко мешање во судството, и недоволното финансирање и управување со административните судови како големи пречки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе