Вести Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ на средба со ДУИ за резолуцијата

Пратениците од опозицијата продолжуваат со средбите во Собранието.

Денеска претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе остварат средба со пратеници од политичките партии Алијанса на Албанците – Алтернатива, ДУИ и Левица, на која ќе се разговара за потребата со широк консензус да се усвои резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните негаторски позиции на Бугарија.

Владејачката СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата, со што ќе се обединат со ВМРО ДПМНЕ за македонскиот јазик и идентитет.

Со прифаќањето на резолуцијата СДСМ сака да испрати силна порака дека со Бугарија не се преговара за македонскиот јазик и идентитет и дека тоа е  затворена тема. Резолуцијата ќе ја прифатат онака како што е предложена.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршните зборови во предметот против екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска се одложи за утре

Sasko Dimovski

Изборниот законик останува блокиран, партиите не се ни чекор поблиску до договор

Дејан Дејан

Заменскиот поевтин лек за болните од астма и ХОПС го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе