Крајот на судењето со завршни зборови против екс претседателката Татјана Димитровска се одложи за утре, бидејќи првообвинетата достави нов доказ до судот. Билјана Петревска Мантова, која е обвинета за оддавање службена тајна, токму со доставената мејл комуникација денеска до судот сака да докаже дека не го сторила делото.
Информацијата дека БЈБ бара тендерска документација за набавка на мазут што ја препратила до директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, а за што е обвинета, тврди дека всушност била позната за 14 други подружници, 40 денови претходно.
Денешниот доказ беше мејлот со кој БЈБ бара од подружниците на ЕСМ и директорот да ги дадат тендерите за мазут уште во јуни, а таа, според обвинителството, делото го сторила во септември, кога БЈБ испратило нов маил само до ТЕЦ Неготино.
Инаку со неа се обвинети Димитровска за оддавање на службена тајна и фалсификат и Миле Стоилев дека го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска. Обвинителството се противеше на овој доказ.
