Свет

Уапсени криумчари со мигранти близу српско-унгарската граница

Српската полиција соопшти дека демонтирала илегален камп за мигранти во близина на границата со Унгарија и привела осомничена група криумчари на луѓе. Импровизираниот камп е откриен во селото Српски Крстур, крај брегот на реката Тиса, а не се прецизира колку мигранти се пронајдени на местото. При апсењето кај осомничените мигранти биле пронајдени телефони и ножеви.

Илјадници луѓе, кои побегнаа од војната и сиромаштијата на Блискиот исток, Африка или Азија, се свртеа кон шверц со мигранти додека бараат начини да стигнат до Западна Европа. Унгарија постави и двојна ограда долж копнената граница со Србија. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин рече дека осомничените шверцери на луѓе се занимавале со кражба и изнуда на други мигранти.

  • Оваа криумчарска банда вршеше различни кривични дела и беше причина што граѓаните во овој дел од Србија не се чувствуваа безбедно. Тоа нема да се дозволи и да се толерира, Александар Вулин, министер за внатрешни работи на Србија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелациониот суд ја потврди пресудата на Ле Пен, но ја намали забраната за извршување јавна функција

Дејан Дејан

Осомничената Украинка за експлозијата во Монако, е пронајдена мртва

Дејан Дејан

(Видео)Над десетици илјади жители евакуирани поради поплавите предизвикани од тропска бура во Кина

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе