Српската полиција соопшти дека демонтирала илегален камп за мигранти во близина на границата со Унгарија и привела осомничена група криумчари на луѓе. Импровизираниот камп е откриен во селото Српски Крстур, крај брегот на реката Тиса, а не се прецизира колку мигранти се пронајдени на местото. При апсењето кај осомничените мигранти биле пронајдени телефони и ножеви.
Илјадници луѓе, кои побегнаа од војната и сиромаштијата на Блискиот исток, Африка или Азија, се свртеа кон шверц со мигранти додека бараат начини да стигнат до Западна Европа. Унгарија постави и двојна ограда долж копнената граница со Србија. Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин рече дека осомничените шверцери на луѓе се занимавале со кражба и изнуда на други мигранти.
- Оваа криумчарска банда вршеше различни кривични дела и беше причина што граѓаните во овој дел од Србија не се чувствуваа безбедно. Тоа нема да се дозволи и да се толерира, Александар Вулин, министер за внатрешни работи на Србија.
