Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ И АА-Алтернатива ќе преговараат за заеднички настап на локалните избори

Се вжештува политичката атмосфера во пресрет на локалните избори. За првпат ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да преговара за предизборно коалицирање со партиите на Албанците од опозицискиот  блок. Разговорите  ќе се интензивираат деновиве. СДСМ и ДУИ ќе ја официјализираат соработката до средината на месецов а на политичката сцена се јавува и трета опција, граѓанска коалиција од помалите партии.

Предизборни коалиции ќе бидат главниот белег на престојните локални избори. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека коалицирањето со партиите на Албанците од опозицискиот блок ќе биде врз основа на понудените кандидати за градоначалници и програмата која ќе се понуди.

ВМРО ДПМНЕ: Постојат две алтернативи за коалицирање со опозициските партии на Албанците. Едната е да имаме целосна коалција во сите општини пред првиот изборен круг. Другата е да имаме комбинирана коалиција, а тоа значи во некои општини да настапиме со заеднички кандидати уште пред првиот круг а во други општини да се договориме за взаемна поддршка помеѓу првиот и вториот изборен круг.

Соработка ја потврди и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кој најави дека ќе ја бара поддршката за уште мандат .

СДСМ и ДУИ ќе ја официјализираат соработката до средината на месецов. Првите имиња на 20  кандидати за градоначалници владејачката партија ќе ги објави на 13 јули.Коалицирање ќе има за Скопје, Тетово, Струга, Гостивар, Дебар и во други општини. Дел од кандидатите ќе бидат досегашни градоначалници, а во некои општини ќе има нови лица кои имаат голема доверба кај членството.

Во политчката трка се вклучува и трета опција. Демократскиот сојуз. ЛДП, ДОМ, граѓански организации и здруженија ќе настапат со заеднички градоначалници и советнички листи. Токму ваквата одлука за граѓанска коалиција го подели членството на ДОМ. Вчерашната седница на централниот одбор поминала во вжештена атмосфера,а неколку општински организации се оградија од ваквата одлука која според нив е нелегитимна и нестатутарна. Тврдат дека без кворум им било овозможено на некои луѓе да гласаат и покрај тоа што не биле членови на централниот одбор.

Претседателката на ДОМ Маја Морочанин го тврди спротивното. Одлкуката била донесена со мнозинство гласови а против било само едно лице кое не било член на централниот обдор и неовластено ги снимал присутните.

Локалните избори ќе се одржат во втората половина на октомври а како најоптимале датум се споменува 17 октомври.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе