Утрово неколку минути пред девет часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, пред мостот Обединети нации, на лентата кон Центар.
Ова предизвика голем застој па градските автобуси пред да бидат пренасочувани по другите улици, поминуваа преку велосипедската патека, додека пак другите автомобили возеа по пешачките тротоари. Во сообраќајката повредени се тројца, кои побарале медицинска помош во ургентниот центар во Скопје.
Материјална штета има кај сите три возила кои учествуваа во незгодата Киа, Пежо и Смарт, кој беше целосно свртен на спротивната страна.
Од МВР за сега не соопштуваат повеќе детали, се чека екипите на терен да завршат во увидот.

