Македонија Најважни

(ФОТО) Сообраќајка кај мост Обединети нации- тројца повредени

Утрово неколку минути пред девет часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди, пред мостот Обединети нации, на лентата кон Центар.

Ова предизвика голем застој па градските автобуси пред да бидат пренасочувани по другите улици,  поминуваа преку велосипедската патека, додека пак другите автомобили возеа по пешачките тротоари. Во сообраќајката повредени се тројца, кои побарале медицинска помош во ургентниот центар во Скопје.

Материјална штета има кај сите три возила кои учествуваа во незгодата Киа, Пежо и Смарт, кој беше целосно свртен на спротивната страна.

Од МВР за сега не соопштуваат повеќе детали, се чека екипите на терен да завршат во увидот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе