Македонија

Откорнати електрични столбови и скршени дрвја во Куклиш

Силното невреме што синоќа  го зафати струмичкиот регион направи прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку населени места. Откорнати електрични столбови, скршени дрвја се само дел од штетите што ги направи ветрот проследен со дожд. Во Куклиш пак, се забележани и големи штети на посевите, но и на приватните имоти.

Исплашени од ново невреме, жителите на Куклиш активно работеа на санација на дел од штетите особено во полето. Се плашат дека дождот во комбинација со високите температури ќе биде погубен за посевите.

И градоначалникот на општина Струмица беше во обиколка на местата каде се забележани поголеми штети. Велат дека се разгледуваат можностите како може да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе