Македонија

И во криза пари за асфалт и услуги, а најмалку јавни набавки против панедмијата во 81 општина

Лидерската позиција ја држи Град Скопје со вкупна вредност на тендерите од 31 милион евра или една четвртина од вредноста на јавните набавки на сите општини заедно. Во 2020-та 129 милиони опсштински пари се потрошени за јавни набавки а само 3 компании добиле над 10 милиони евра. Фирма од Кочани дури 82 пати добивала пари од општината. Истражувањето го спроведе Центарот за граѓански комуникации од каде апелираат да направи анализа за евентуални пропусти кај јавните набавки.

Најмногу за асфалт, најмалку против Ковид -19. Во 2020-та исто се градело, и купувало со општински пари како и во годината пред пандемијата. 129 милиони евра на јавни набавки, шееесетина општини штеделе, Општина Скопје, Гостивар и Аеродром и 18 други потрошиле вкупно 15 милиони евра повеќе, но само 3 милиони за борба против пандемијата од кои ¾ за ракавици, маски и средства за Град Скопје, покажува годишната анализа на сите општински тендери на Центарот за граѓански комуникации.

Општина Новаци е рекордер со потрошени 401 евра по жител, додека за потребите на граѓаните на Шуто Оризари преку јавни набавки одвоени се само 7 евра по жител во 2020-та година. Најмногу се офајдиле три фирми кај кои се слеале повеќе од 12 милиони евра, односно градежните „Гранит“ и Пелагонија од Гостивар, како и  „Енерџи деливири солушнс – Скопе“. Кочанската „Рики- јуниор“ успеала да склучи дури 82 договори со некоја од општините.

Анализата открива дека бројот на фирми учесници се намаалил за потрошените пари  за 2020 остнале исто как огодината претходно. Фамилијарната компанија на актуелниот пратеник и поранешен градоначалник на Пласница „Пуцко Петрол“ е втора по бројот на тендери а со добиени 2,5 милиони евра општински пари од второто место во 2019-та е сега го држи 6-то место на листата компании со најголем прилив од општински јавни набавки. Битола набававуала рекордни 198 пати, додека општина Зелениково само 9 –пати во 2020-та.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе