Македонија Најважни

Што содржи “конкретниот предлог” на Заев до Софија?

Што содржи „конкретниот предлог“ со кој македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев дошла на средбата со привремениот бугарски премиер Стефан Јанев?

Информацијата дека на масата е доставен конкретен предлог, вчера ја објави бугарскиот премиер. Рече дека во наредните денови ќе го разгледаат сеопфатно и професионално.

Со македонската јавност не беа споделени никакви детали за предлогот, но бугарските медиуми тврдат дека Заев предложил пет варијанти за компромис. Весникот „24 часа“, повикувајќи се на владини извори, пишува дека, имало и формулација за јазичниот спор, која гласи дека, Бугарите и Македонците зборуваат на ист јазик, но меѓународно признат како два различни.

Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски. Заев ветил и промена на македонскиот Устав, во кој ќе ги стави и Бугарите како народ. Наводно, ветил и отворање на досиејата од времето на Студената војна, за да се разјаснат, според нив, репресиите на кои биле подложени Бугарите во некогашната југословенска република Македонија”.

Се договарале и одмори на македонски ученици во Бугарија и бесплатни одмори на бугарски ученици во наши хотели.

Весникот „Труд“, пак, пишува дека македонскиот премиер ветил дека, ако на средбата во Брисел на 22 јуни го поддржат почетокот на преговорите, ќе ги направи неопходните компромиси за спорните историски теми.

Премиерот, кој денеска даде изјава по Самитот  за Западен Балкан во Виена, не беше конкретен за можните решенија, туку побара поддршка од ЕУ.

Демант, дека имало конкретни предлози од Заев во Софија, стигна од владата.

На истиот самит, и вицепремиерот Димитров повтори дека, е крајно време Европската Унија да го исполни ветувањето за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Потсети да не се заборави базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни.

Во меѓувреме, бугарскиот копретседавач со Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров, најави нова средба дури за октомври, затоа што таму нема никаков напредок.

Тој е песимист дека ќе се случи неопходната катарза за историската наука и целото општество, ако нема политичка одговорност и одговорност на науката.

Далиборка Дамјанска Цветанoвска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе